spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: 149 санкционирани возачи во Скопје, 52 за брзо возење

МВР: 149 санкционирани возачи во Скопје, 52 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52, 14 санкции за возење без возачка дозвола, 18 за управување под дејство на алкохол, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, две санкции за користење на мобилен телефон и три санкции на минување на затворен сигнал – црвено светло.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...