spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕПромените се случуваат во општините каде ВМРО-ДПМНЕ управува, на народот му е...

Промените се случуваат во општините каде ВМРО-ДПМНЕ управува, на народот му е преку глава од политиканство

Продолжуваме низ Македонија, онаму каде што сме ветувале да испорачаме тоа што сме го ветиле.  Во Свети Николе градоначалникот Дејан Владев, беше прилично исцрпен и даде силна, јавна презентација на тоа што се тековни проекти и она што е во процес на изработка и се планира во периодот да се работи.

Навистина сето ова делува импресивно, многу се мотивирани што е важно, мотивацијата е на исклучително високо ниво.

Од тоа што можам тука да го видам во Свети Николе е дека изминатиот период многу малку се сработило, а тоа што се сработило се направило неквалитетно. Затоа нашите заложби во периодот кој следи ќе  бидат динамични и сакаме да го зголемиме интензитетот и динамиката на реализација на проектите, на тоа што сме го ветиле пред светиниколчани и во централниот дел, но и во руралните средини и селата кои се составен дел на општината.

Градоначалникот информираше и за проектите кои ќе ги работи заедно Светска банка. Зборуваше и за населбите кои се уште немаат ниту атмосферска ниту фекална канализација. Зборуваше и за насушна потреба на 21 век а тоа е водовод во село Орел.

Навистина импресивно сето ова делува и јас сум тука да ги поддржам сите проекти кои на чесен и транспарентен начин ќе бидат изработени со многу дисциплина и голем мотив.

Преку глава им е на граѓаните од политиканство и сето она кое политичарите изминативе 30 години го прават во Македонија, а тие го гледале. Потребно е да ги засукаме ракавите и да работиме. Јас го охрабрувам градоначалникот и сите кои се дел од општинската администрација да продолжат по тој пат и да испорачаат она кое што го ветиле за време на кампањата за овие локални избори.

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...