spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со г-ѓа Frédérique DUBOST, регионален јавен обвинител задолжен за сите...

ДКСК: Средба со г-ѓа Frédérique DUBOST, регионален јавен обвинител задолжен за сите балкански земји

На 30 ноември 2021 година, со почеток во 14:00 часот во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) беше остварена средба со г-ѓа Frédérique DUBOST, регионален јавен обвинител задолжен за сите балкански земји вклучително и Република Северна Македонија.

Од страна на ДКСК на средбата присуствуваа Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и Генералниот секретар м-р Ирена Поповска.

Средбата се одржа на барање на г-ѓа Frédérique DUBOST, која изрази интерес поконкретно да се запознае со работата на ДКСК и резултатите од спроведување на нејзините законски надлежности.

Од страна на Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска беа накусо презентирани законските надлежности на ДКСК во однос на мерките и активностите за спречување на корупцијата во вршењето јавните овластување и службената должност и политиката, мерките и активностите за спречување на судирот на интереси, следењето и евидентирање на имотната состојба на избраните и именувани лица согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, надлежностите на ДКСК во однос на Законот за заштита на укажувачите и Законот за лобирање, како и резултатите од досегашното постапување на ДКСК.

Од страна на г-ѓа Frédérique DUBOST беше презентиран начинот на работата на институциите за борба против корупцијата во Франција, каде ја посочи Агенцијата за антикорупција во Франција, и понуди директна соработка на оваа Агенција со ДКСК, особено во делот на спроведување на обуки во областа на превенцијата и алармирањето на корупција како во јавниот така и во приватниот сектор. Фокусот на овие обуки би бил во насока на зајакнување на капацитетите на ДКСК во борбата против корупција

Од страна на ДКСК, беше искажано задоволство за прифаќање на соработката особено во делот на обуки со цел зајакнување на капацитетите на ДКСК за борба против корупција.

На крајот на средбата беше истакнато обострано задоволство од остварената соработка и подготвеност истата да продолжи и во иднина.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...