spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Ја правиме првата енергетска транзиција како пример за земјите од Западен...

МЕ: Ја правиме првата енергетска транзиција како пример за земјите од Западен Балкан

Министерот за економија Крешник Бектеши ги претстави превземените активности на полето на енергетиката во Северна Македонија на 19. Состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Белград, Србија како земја претседавач со Енергетската заедница во 2021 година.

На состанокот на Енергетската заедница со министерот Бектеши учествуваше и заменик-министерката за животна средина Христина Оџаклиевска.

Со состанокот претседаваше потпретседателката на Владата на Србија и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ.

На состанокот беше истакнат напредокот на Северна Македонија во енергетскиот сектор, пред се во делот на во спроведувањето на законодавството на Енергетската заедница, односно усогласувањето на националната регулатива со европската легислатива.

Министерот Бектеши на состанокот информираше дека Владата активно работи на енергетска транзиција во зелена енергија, односно на искористување на сонцето, ветерот и водата за постепено менување на производството на електрична енергија од јаглен кон производство на електрична енергија од обновливи извори.

Министерот потенцираше дека еден од најзначајните сектори за развој на економијата, а приоритетите на Владата се обезбедувањето на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија.

Ги презентираше успешните резултати посебно во делот на практичното спроведување на првите аукции за доделување на премиум тарифи за изградба на фотонапонски централи, процес кој беше поздравен од сите меѓународни институции.

Министерот инфиормираше дека во фаза на градба се веќе 60 мегавати на фотонапонски електрани по пат на премиум тарифи, и 100 мегавати во Осломеј по пат на јавно приватно партнерство кој ќе го заменат РЕК „Осломеј“.

Првата фотонапонска електрана на „ЕСМ“ во Осломеј од 10 мегавати е готова, значи станува збор за 170 мегавати електрани на сонце или 10 пати повеќе од 17-те мегавати изградени во претходните 11 години.

Со изградбата на две по 50 мегаватни електрани во Осломеј на приватни инвеститори, како и на две по 10 мегавати сопствена инвестиција на „ЕСМ“, ја правиме првата енергетска транзиција на електрана на јаглен со фотонапонска електрана, што е пример за останатите земји во регионот на Западен Балкан и на Југоисточна Европа.

„Донесовме Закон за стратешки инвестиции, според кој веќе неколку сериозни инвеститори ќе реализираат големи проекти за стратешки инвестиции како што се „WPD“ од Германија за изградба на 415 мегавати ветерна електрана,  „EFT Group“ за изградба на 80 мегавати фотонапонска електрана, Акуо Енерџи“ (Akuo Energy) од Франција за изградба на најголемиот соларен парк од 350-400 MW во земјата. Ова за нас е показател дека добро сме ги сработиле реформите, сме ја донеле потребната легислатива и сме создале услови за инвестирање, тоа е суштината на постоењето на владите и администрацијата, да создадат фер услови за сите“ информираше министерот Бектеши на состанокот на Енергетската заедница.

Примената на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност се дел од рамките на реализацијата и на Зелениот договор на Европската Унија кој има јасна цел – климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година.

И нашата земја го поддржува Европскиот зелен договор за одржлива економија преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности  и  правење на транзиција, праведна и инклузивна за сите.

На состанокот се дискутираше за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница, меѓу кои статусот на имплементација на Договорот во областите електрична енергија, природен гас, обновливи извори на енергија, клима, енергетска ефикасност, животна средина. На крајот преку гласање на сите земји беше назначен Артур Локовски за нов директор Секретаријатот на Енергетска заедница.

По завршување на Министерскиот состанок министерот Бектеши оствари билатерална средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ.

На средбата беше изразена поддршката на двете земји за зголемување на соработката во енергетскиот сектор преку проекти за регионално поврзување. Министерот Бектеши истакна дека зголемувањето на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Србија е од клучна важност за растот на економиите на двете земји.

 

 

 

 

Извор: Министерство за економија

Прочитајте