spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Европската перспектива на Западниот Балкан - најсигурна инвестиција во стабилноста на...

МНР: Европската перспектива на Западниот Балкан – најсигурна инвестиција во стабилноста на регионот

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи на 30 ноември и 01 декември 2021 година учествуваше на редовниот состанок на Министрите за надворешни работи на НАТО, кој се одржа во Рига, Република Латвија.

За време на дводневните работни сесии беа разгледани прашања од стратешко значење на Алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идни безбедносни предизвици, како руското воено групирање околу границата со Украина и хибридните предизвици кои доаѓаат од Белорусија.

 

Тема на состанокот беше и состојбата во Западен Балкан, и геостратешките интереси на Алијансата за стабилен, прогресивен и демократски регион преку реафирмирање на европската и евро-атлантската перспектива на земјите од регионот.

Министрите за надворешни работи дискутираа и за Стратешкиот концепт на НАТО, како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на Алијансата.

На работните сесии, Министрите усвоија повеќе одлуки и документи. Истите се значајни за идното делување и зајакнување на Алијансата но и за подготовка на Самитот на шефови на држави и влади на НАТО, кој наредната година ќе се одржи во Мадрид.

Османи меѓу другото нагласи дека сме сведоци на влошување на глобалното стратешко опкружување и деградацијата на меѓународниот правен поредок. Ја истакна потребата за заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.

На маргините на состаноците, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари повеќе средби, како со Помошник државениот секретар на САД, Карен Донфрид; министрите за надворешни работи на Словенија, Анже Логар; К. Норвешка, Аникен Ш. Хјитфелт; Франција, Жан-Ив Ле Дриан; Р. Чешка, Јакуб Кулханек;

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте