Министерството за образование и наука известува дека Vanke School of Public Health, при државниот Чинхуа Универзитет од НР Кина доделува максимум 3 стипендии за македонски студенти за меѓународни постдипломски студии за јавно здравје (International Master of Public Health Program – IMPH).
Чинхуа Универзитетот е и најпрестижниот во НР Кина, рангиран како прв универзитет во земјата и 43ти во светот во 2019 година, според Шангајската листа на универзитети.
Цели на мастер програмата се: развивање на способноста на студентите за примена на теориите и аналитичките алатки на јавната здравствена дисциплина во нивната работа; унапредување на разбирањето на студентите за јавните здравствени проблеми во НР Кина и земјите во развој; развивање на способноста на студентите да преземат поголеми лидерски улоги во решавањето на јавните здравствени проблеми; промовирање соработка на Кина со други земји преку градење мрежа на соработка помеѓу универзитетите за глобални прашања од јавното здравство.
Стипендијата ги покрива патните трошоци, сместувањето и школарината за академската 2022-2023 година.
Краен рок за онлајн пријавување на оваа мастер програма е крајот на март 2022 година.
Програмата е на англиски јазик.
Повеќе информации може да се најдат на веб страницата:
htpp://gradadmission.tsinghua.edu.cn/f/login
Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии треба да достават копија од пријавниот лист во архивата на Министерството за образование и наука.