spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Работна средба со заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на...

МТВ: Работна средба со заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на германската амбасада, Граф

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на германската амбасада, Ото Граф.

На средбата тие разговараа за економската соработка меѓу двете земји.

Министерот ги потенцираше инфраструктурните проекти од делот на патната и железничката инфраструктура и гасификацијата.

Министерот Бочварски информираше за економските потенцијали на земјата и отвореноста за влез на инвеститори од Германија.

„Денешната средба беше од огромно значење за да ги промовираме можностите за вложување и на двете земји, разговаравме и околу инвестицискиот циклус во делот на инфраструктурата. Имаме одлични услови за инвестирање, ги повикувам сите заинтересирани  германски компании да вложат во нашата земја и да се вклучат во изградба на инфраструктурните проекти.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Во духот на двете земји министерот Бочварски и заменик-амбасадорот Ото Граф најавија заедничка заложба за продлабочување на билатералните односи и економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте