Новиот проект финансиран од ЕУ за поддршка на реформите во политиката и законодавството во шумарството започна на 1 ноември 2021 година со времетраење од 9 месеци. Главен корисник е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), заедно со други засегнати страни како ЈП Национални Шуми, националните паркови и други шумарски организации.
За спроведување на проектот беше ангажиран тим од двајца искусни шумарски експерти. Проектот ќе даде предлог за адаптирана Стратегија за одржлив развој на шумарството, предлог за нов Закон за шуми и предлог за нова нова Национална програма за шумарство за спроведување на Стратегијата и Законот. Стратешка и техничка работна група составена од претставници на клучните засегнати страни тесно ќе соработуваат со шумарските експерти, а дополнително ќе се организираат и јавни консултации.
Горенаведените документи ќе бидат изработени во согласност со националните потреби и во согласност со политиките и стратегиите на ЕУ поврзани со шумите, како што се Стратегијата за билошка разновидност за 2030, Стратегијата за шумите за 2030 и ЕУ законодавството поврзано со шумите. Ќе бидат земени предвид и релевантните искуства и добри практики на земјите членки на ЕУ. Следствено на тоа, проектот значајно ќе придонесе за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Дополнителни ИПА средства за понатамошна поддршка преку проект од голем обем ќе бидат обезбедени во текот на 2022 година.
Оградување од одговорност: „Горенаведените документи ќе бидат изработени со финансиска поддршка на Европската Унија. За нивната содржина одговорни се авторите и истата не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија“.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство