Под мотото „Биди човек, биди хуман“ вработените во УЈП секоја година традиционално по повод Денот на даночните работници – Св.Матеј, ја покажуваат својата хуманост собирајќи парични средства наменени за донација.
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, го посети Центарот Мајка Тереза во Гевгелија, каде во име на вработените во УЈП донираше интерактивен таблет – ЕФАН.
Таблетот е едукативна алатка, во вид на маса и работи на допир, а ќе овозможи децата на поедноставен начин да учат и да ги подобруваат своите вештини.
Извор: Управа за јавни приходи