Град Скопје од вчера ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните. На оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните.
Во моментов се вршат последните подготовки за ставање во функција и на Канцеларија за комуникација со граѓаните која ќе биде отворена 24 часа за нивните потреби, а целиот процес ќе се одвива етапно во следните три недели.
Град Скопје ќе се трансформира во град со целосно дигитализирана администрација, а јавните услуги ќе бидат брзи, ефикасни и транспарентни.
Извор: Град Скопје