spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: 20 стипендии „Борис Трајковски“ за студии на пан-европска извршна програма од...

МОН: 20 стипендии „Борис Трајковски“ за студии на пан-европска извршна програма од втор циклус на Сити Колеџот во Солун во соработка со универзитетите Јорк и Стразбур

На дваесет граѓани од Северна Македонија вчера им беа доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за студирање на пан-европската извршна програма од втор циклус на студии организирана од страна на Сити Колеџот во Солун во соработка со британскиот Универзитет Јорк и францускиот Универзитет Стразбур. Стипендиите им ги врачија претседателот на државата Стево Пендаровски, министерката за образование и наука Мила Царовска и директорот на Сити Колеџот во Солун, Јанис Верверидис.

Министерката Царовска им честиташе на студентите за изразениот интерес и како што рече, прифатениот предизвик да ја искористат одличната можност за образовна надградба на едно повисоко академско ниво во меѓународна средина.

„Имате можност да бидете првата и пионерска генерација магистри на новата програма која нуди специјализации во областа на општ менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси и да стекнете заедничка двојна диплома издадена од Европскиот кампус при Универзитетот Јорк и од Факултет за економија и менаџмент на престижниот француски Универзитет Стразбур, кои заедно ќе ги реализираат предавањата за вас и вашето практично обучување“, рече Царовска, додавајќи дека студентите ќе посетат и ќе учат на три локации, во Велика Британија, Франција и Грција.

“Верувам сите веќе знаете кое е реномето на универзитетите Јорк и Стразбур. Така што, со такво знаење, стекнато во овие престижни образовни центри во Европа, секоја организација или институција во државава би посакала да Ве има во своите редови и работни процеси. Посакувам да се вратите живи и здрави, полни со нови знаења и желба за придонес во развојот на државата која инвестира во вас“, истакна Царовска.

Министерката информираше дека досега стипендија „Борис Трајковски“ во чест на трагично починатиот поранешен претседател на државата добија 250тина граѓани, кои се стекнале со диплома на некоја од МБА студиските програми кои им се нудеа во минатото, согласно релациите кои Сити Колеџот ги воспоставуваше со други универзитети во Европа.

Изрази задоволство што стипендиите се доделуваат и оваа година, како чин на почит кон претседателот Трајковски, кој, како што рече, во 2003 година бил иницијатор на трипартитната соработка помеѓу институцијата претседател, Министерството за образование и наука и Сити колеџот во Солун, кога воедно и  започна доделувањето на овој тип на финансиска поддршка за развој на човечкиот капитал, како основа за севкупен државен просперитет. Очекува, соработката преку која ќе обезбедува оваа квалитетна образовна можност за македонските граѓани да продолжи и во иднина.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Мицкоски: Од неделава стопанството ќе добие средства од унгарскиот заем со...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во рамките на...