spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Главни теми на отворениот ден со граѓаните и градоначалникот Герасимовски

Центар: Главни теми на отворениот ден со граѓаните и градоначалникот Герасимовски

Оштетувањата на улиците и тротоарите, подобрувањето на уличната хигиена и проблемите со паркинзите беа главните теми на првиот отворен ден на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со жителите на општината.

Градоначалникот Герасимовски, заедно со раководителите на општинските служби, денес во младинскиот центар „Матично“, со граѓаните на општината разговараа и бараа решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат центарци.

„Ова е мојот прв отворен ден со граѓаните на општината и вакви отворени денови планираме да се одржуваат редовно, сѐ со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите на граѓаните. Денес, заедно со општинските служби, ги ислушав проблемите кои ми ги претставија жителите и заедно ги решаваме истите. Отворените денови во општината, кои планираме редовно да се одржуваат, се уште еден чекор напред во зголемување на отчетноста и транспарентноста во нашата работа, но и добра алатка за брзо и активно решавање на состојбите кои ги мачат центарци“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Општина Центар ги повикува сите жители кои се заинтересирани и сакаат да присуствуваат на идните отворени денови со градоначалникот, своето присуство да го најават со повик на телефонските броеви: 02 3203 682 и 075 219 173.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте