spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЈанчев – Седница на Комисијата за статут и прописи на Општина Гевгелија

Јанчев – Седница на Комисијата за статут и прописи на Општина Гевгелија

На седница на Комисијата за статут и прописи на Општина Гевгелија (одржана на 03.12.2021) членот на Советот и Комисијата од редовите на Левица даде свои забелешки на предлог одлуките за третата седница на Советот на Општина Гевгелија.

Едната забелешка е што во законските основи за носење на методологија за финансирање на граѓански организации се наведени членови од Закон за локална самоуправа и Статутот, кои викаат дека Советот и градоначалникот вршат други работи согласно закон, без притоа да се наведе кој закон.
Проблемот е што при носење на одлуки секој државен орган, вклучувајќи го и Советот, мора да внимава на легалитетот, односно не смее да излегува од законски, статутарно и деловнички дадени рамки. Затоа, пред секоја одлука, јасно мора да се наведе законски основ. Арно ама, вршењето други работи согласно закон без да се наведе кој закон не е законски основ.

Друга забелешка е што во предложените одлуките за менување на членови на училишни одбори во две училишта, во законскиот основ се наведени погрешни точки од член на закон. Станува збор за точки кои уредуваат различна материја од училишни одбори.

Трета забелешка е што во предложените одлуки за менување членови во управни одбори на институции од културата како законски основ е наведен погрешен член кој ја уредува материјата директор, а не управни одбори. Дополнително се забележа и на составот на членовите на управните одбори на овие институции, кои според закон мора да бидат составени од еден претставник на општина, еден вработен и тројца членови од редот на истакнати лица од областа на културата, а досега се бирале три члена како претставници на Општината и двајца од редот на вработените.

Четвртата забелешка е што во законскиот основ на предложената одлуката за менување на орган за надзор на детска градинка е наведен погрешен член, кој воопшто не постои во Законот за заштита на децата.

За сите овие забелешки до службите беа дадени соодветни препораки и службите работат на нив.

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте