spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Во првите 24 часа се процесирани 51 барање од граѓаните...

Град Скопје: Во првите 24 часа се процесирани 51 барање од граѓаните преку 24@skopje.gov.mk

Активно функционира електронската адреса за комуникација на Град Скопје со граѓаните 24@skopje.gov.mk како дел од програмата за отворен град 24 часа. Во првите 24 часа до Градот се испрати 51 барање од граѓани и истите се процесирани од градската администрација.

Преку новата електронска адреса, граѓаните пријавуваат проблеми и барања до Град Скопје, а најголем број од нивните пријави се однесуваат на проблеми  поврзани со сообраќајот, инфраструктура, комунална хигиена,  како и барања за поголема ажурност на секторските одделенија даноци, урбанизам и целокупната градска администрација. Голем дел од барањата на граѓаните се веќе решени, а преостанатите се во процес на решавање.

Градот Скопје на овој начин овозможува подобри услуги за граѓаните, транспарентност во работата, преку целосно дигитализирана администрација која ќе биде во служба на граѓаните.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте