Дали МВР почна со редовно спроведување на планот за рестрикција на струја со гаснење на семафорите или правеше генерална подготовка за дејствување во криза?
Ова е документот, план за мерки и активности, функционирање на МВР и БЈБ во услови на кризна состојба заради недостаток на струја.
Во него децидно стои дека организациските единици на МВР/БЈБ треба да спроведуваат „забрана, пренасочување и воспоставување на движење во урбани сообраќајници, регулирани со светлечки сообраќајни знаци“ цитирам , односно „зависни од електрична енергија“.
Дали спроведувањето на овој план со дата од 16-ти ноември, е причината за парализирање на сообраќајот во Скопје пред два дена, кога без никаква најава МВР со часови ги исклучи семафорите, без да се соопшти било што или да се најави ваква рестрикција.
Почитувани, енергетската криза е поголема од она што власта се обидува да го прикаже. Изготвен е документ за делување во кризна состојба заради рестрикции и немање струја, а власта најавува таа состојба да трае уште половина година. Во овој план, се наведуваат состојби како, цитирам: „реални безбедносни предизвици со економски социјални појави со негативни последици, пораст на криминалот, сообраќајни деликти, нарушување на јавна безбедност, заради недостаток на струја и зголемената цена“, затворен цитат, што го оценува како, повторно цитирам: “енергетски и економски шок“.
Почитувани, нема полошо за Македонија од СДСМ/ДУИ, тие се извор на проблемите и не може да преставуваат дел од решението. Паушалните решенија, како ова пред два дена, се само на штета на граѓаните. Затоа потребни се брзи избори коишто ќе создадат услови за вистински решенија.
Извор: ВМРО ДПМНЕ