spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска на настан посветен на имплементација на новите законски решенија за...

МЖСПП: Оџаклиеска на настан посветен на имплементација на новите законски решенија за управување со отпад

– Собирањето, транспортот, селектирањето, рециклирањето на отпадот, неговиот третман и искористување, во насока на создавање на ефикасен и ефективен регионален систем за управување со отпад во нашата земја, се детално уредени со новиот Национален План за управување со отпадот во следните 10 години и 6-те нови законски решенија кои беа донесени оваа година – истакна заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање д-р Христина Оџаклиеска на третата сесија на Работната група 5, Животна средина (Поглавје 27) на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија, која се одржа на тема „Отпадот – загадувач или ресурс? Како до поголема имплементација на новиот закон за управување со отпад“.

Истакнувајќи ја неопходноста од взаемна поддршка и соработка со релевантните институции, Оџаклиеска додаде и дека паралено со планот за изградба на регионалните депонии и затварање на нестандардните диви депонии, неопходно е да ја препознаеме вредноста на отпадот како ресурс кој повторно може да се врати во економскиот систем, трасирајќи го патот кон развој на циркуларната економија кај нас.

Во онлајн дебатата се вклучија македонски и словачки експерти за животна средина, претставници на академската заедница, екологисти, како и претставници на граѓански организации, бизнис заедницата, инспекторатите, комуналните претпријатија и општините во нашата земја.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...