spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Проценка на мерките за контрола на болестите од категорија А од...

АХВ: Проценка на мерките за контрола на болестите од категорија А од Законот за здравствена заштита на животните на ЕУ: Њукастелска болест

Европската комисија и додели мандат на Европската агенција за безбедност на храна да направи проценка на ефикасност на некои од мерките за контрола на болести кои се наоѓаат на листата на категорија А согласно Регулативата (ЕУ) 2016/429 за трансмисивни болести кај животните (‘Закон за здравствена заштита на животните на ЕУ’). Ова научно мислење е дел од низата научни мислења каде ќе се направи проценка на мерките за контрола на болести, а ова научно мислење ги опфаќа мерките за контрола на Њукастелска болест. Во ова научно мислење, Европската агенција за безбедност на храна и експертите од научниот панел за здравствена заштита и благосостојба на животните прават ревизија на:

(i) клиничките и лабораториските процедури за земање примероци,

(ii) периодот за мониторинг и

(iii) минималниот радиус на зоната под заштита и под назор, како и минималното времетраење на мерките кои треба да се применуваат во овие зони.

Генералната методологија која се применува во овој сет на научни мислења е веќе објавена, а пред почетокот на проценката беа дизајнирани и договорени неколку сценарија за кои требаше да се проценат овие контролни мерки.

Периодот на мониторинг (21 ден) беше проценет како ефикасен кај невакцинирани јата на кокошки и мисирки, иако постои голема несигурност во однос на ефикасноста на овој период кај вакцинирани галиформни јата и јата со други видови птици. Исто така се донесе заклучок дека зоните под заштита (3 км радиус) и надзор (10 км радиус) содржат 99% од инфекциите од инфицираните објекти.

Препораките дадени за секое од проценетите сценарија имаат за цел да ја поддржат Европската комисија во процесот на подготовка на дополнителни законски акти, како и за веродостојни ад хок барања во врска со Њукастелска болест.

Целиот текст на научното мислење може да се прочита на следниот линк:
https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/pdf/10.2903/j.efsa.2021.6946

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...