spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Нов в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП)

Град Скопје: Нов в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП)

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Иван Илиевски за в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков кој е разрешен од функцијата.

Илиевски долги години работи на раководни позиции во Авто Мото Сојуз на Македонија и Македонија Сообраќај Америт. Во текот на својот професионален ангажман, работи и за развој на Центрите за обука на институции, како сертифициран инструктор на IRU Academy (Академија на Унијата за патен транспорт) за обука на Менаџери на транспортни компании, возачи во меѓународен патен транспорт и транспорт на опасни материи. Илиевски e член и на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Град Скопје.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...