spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Градоначалникот Пецаков, оствари средба со претставници на „Охрид СОС“

Охрид: Градоначалникот Пецаков, оствари средба со претставници на „Охрид СОС“

Градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со претставници на „Охрид СОС“. Целта на средбата беше во насока на воспоставување подобра комуникација која ќе резултира со идеи и проекти кои ќе бидат во интерес на градот.

На средбата градоначалникот ги информираше за тековните проекти што се реализираат, како и за идните проекти и за активностите кои се преземаат за заштита на животната средина во текот на нивната реализација. Дискутирани беа повеќе идеи и предлози кои претставниците на „Охрид СОС“ ги презентираа.

Заеднички беше констатирано дека ваквите средби треба да станат пракса, додека потребата за воспоставување на конструктивен дијалог е во интерес на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...