spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаСДСМ манипулира дека Левица ги блокира измените за „Недела – неработен ден“

СДСМ манипулира дека Левица ги блокира измените за „Недела – неработен ден“

Владејачката партија и портпаролката и поранешна новинарка, Богданка Кузеска, во немоќ да ја оправдаат својата неспособност, во неколку наврати безобразно манипулираат дека Левица ги блокира измените за воведување на недела за неработен ден.

Ја известуваме јавноста дека се работи за предлог-законско решение кое сѐ уште не е ставено на дневен ред во Собрание, додека нашите пратеници не се дел од матичната Комисија – па оттаму, се работи за уште една лага на делегитимираната владејачка клика. Јасно е дека СДСМ намерно го пролонгира ветувањето, кое требаше да стане реалност од први октомври, како што најави претседателот во оставка, Зоран Заев.

Она што всушност е новина и што Владата сака да го протурка е надоместокот од 2% од вкупниот приход остварен минатата година во недела и на празници, што ќе треба да го плаќаат работодавците ако сакаат да обавуваат дејност во недела, па така она што се најавува како придобивка за работниците, всушност е придобивка за полнење на Буџетот, во отсуство на било каква економска стратегија и визија на власта.

Евидентно е дека социјал-демократскиот сојуз повторно ретерира пред барањата на олигархијата и четири години намерно го пролонгира носењето на вакво, повторно нецелосно, решение – кое беше едно од нивните главни предизборни ветувања.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...