spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Се заловуваат кучиња скитници

Берово: Се заловуваат кучиња скитници

Општина Берово, вчера ден 13.12.2021 година (понеделник), изврши заловување на кучиња скитници, кои биле затекнати на јавни површини.

Го известуваме населението на Општина Берово, дека следните денови ќе отпочне со реализација законската обврска за заловување на бездомните кучиња, односно, нерегистрирани и регистрирани кучиња, кои ќе бидат затекнати на јавни површини.

Согласно законските одредби, апелираме до сопствениците на миленици, своите кучиња да ги држат во сопствените дворни места.

Во случај на заловување на куче кое има сопственик, односно не е бездомно куче, трошоците за третман на кучето, паѓаат на товар на самиот сопственик.

Заловувањето на кучиња, ќе го врши фирмата ,,ИНО- ВЕТ” Куманово, по претходно склучен договор.

Вакви и слични акции ќе бидат извршени на неколку пати во наредниот период, за што навремено  ќе информираме, а се со цел да го решиме проблемот со кучињата скитници во општина Берово.

 

 

 

 

Извор:  Општина Берово 

Прочитајте

МЖСПП: Лашкоска – Намалување на ризиците од катастрофи бара широка соработка...

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на министерска тркалезна маса на тема: „Зголемување на активностите за намалување на ризикот...