spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Н.Е. Анке Гизеле Холштајн на средба со градоначалникот Димитриевски

Куманово: Н.Е. Анке Гизеле Холштајн на средба со градоначалникот Димитриевски

Вчера градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски имаше работна средба со амбасадорот на СР Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Анке Гизеле Холштајн. На средбата се разговараше за можно збратимување со град од СР Германија, продлабочување на  соработката преку имплементирање на заеднички проекти, беа претставени можностите за инвестирање во индустриската зона Новини и Речица, како и досегашните реализирани проекти во Општината во сите општествени области.

По средбата го посетија производниот капацитет  на компанијата од автомобилска индустрија “DRÄXLMAIER group” во индустриската зона, кој нуди можност за професионален развој на вработените, вложување во техничкото знаење преку посета на фабриките на други локации и меѓународна размена на искуства.

 

 

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...