spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Се замрзнуваат цените и на оризот, тестенините и јајцата

МЕ: Се замрзнуваат цените и на оризот, тестенините и јајцата

„На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо.

Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи: ориз, јајца и тестенини“, нагласи министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според министерот, оваа одлука е со цел да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи, кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението.

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте