spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Акција за чистење на дива депонија

Илинден: Акција за чистење на дива депонија

Општина Илинден реализираше акција за чистење на дива депонија во близина на парк шумата во н.м. Миладиновци како и на потегот од Миладиновци кон автопатот од левата и десната страна.

Акцијата се спроведе во соработка со екипите на ЈКП „Илинден” и општествено одговорни компании, а собран и транспортиран е кабаст отпад, градежен шут и мешан комунален отпад. Активностите ќе продолжат и во текот на наредните денови се додека локацијата не биде целосно исчистена.

На акцијата присуствување и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека со отстранувањето на дивите депонии, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, ќе се елиминира потенцијалната опасност од загадувањето на подземните води и почвата, како и подобрување на животната средина. Градоначалникот додаде дека Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со акции за чистење на диви депонии.

Општина Илинден апелира до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев на средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер. Средбата се фокусираше на тековните реформи во јавната администрација, при...