Лагите на Мицкоски се демантирани, брзата помош не се приватизира
Демантирани се лагите на Христијан Мицкоски, кој со конструкции и шпекулации ја манипулира јавноста дека брзата помош ќе се приватизира.
Политички спин е дека со предложените измени во законот за здравствена заштита се приватизира брзата помош.
Напротив, со измените на Законот за здравствена заштита на Итната медицинска помош ќе и се овозможи зголемување на ресурсите и законски ќе се регулира услугата која со години наназад ја даваaт приватните здравствени установи.
За појаснување за измените на овој Закон ќе се одржи јавна расправа.
Неодговорните ВМРО-ДПМНЕ и Левица со две илјади амандмани го блокираа донесувањето на измените во Законот за здравствена заштита и продолжуваат да го прават она што најдобро го знаат – да работат против интересите на граѓаните.
Извор: СДСМ