spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Исчистени уште три диви депонии во населбата и селото Драчево

Кисела Вода: Исчистени уште три диви депонии во населбата и селото Драчево

Продолжува чистењето на дивите депонии низ општина Кисела Вода. Вчера се чистеше на неколку локации во селото и населбата Драчево каде несовесното однесување на поединци создало натрупување на огромни количини смет.

Со соодветна механизација, сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода чистеа на улицата “Студеничанска” во селото Драчево, на улицата “Киро Фетак 1” покрај пругата, исчистена беше и депонијата на улица “Китка”, пред гимназијата во населбата Драчево. Камионите со собраниот отпад повеќе пати се упатија кон Дрисла.

 

Покрај нарушувањето на ликот на местата каде што се создаваат, дивите депонии се и вистински ризик по животната средина. Оттука, Општина Кисела Вода ќе продолжи со нивно расчистување, но апелира до граѓаните за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота.

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...