spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Заеднички работиме на задржување на младите дома и зголемување на вработливоста...

МТСП: Заеднички работиме на задржување на младите дома и зголемување на вработливоста на ранливите граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вчера оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија Вероник Улман. На првата средба  меѓу министерката Шахпаска и амбасадорката Улман беше истакната добрата соработка со Швајцарија. Двете соговорнички потенцираа дека земјите ги поврзува искрено пријателство и меѓусебно почитување и заклучија дека односите меѓу двете држави дополнително ќе се продлабочат.


Министерката Шахпаска ја информираше амбасадорката на Швајцарија  за сегашните и за идните проекти на кои работи Министерството за труд и социјална политика, притоа заблагодарувајќи се за поддршката што ја добиваме од Швајцарската агенција за развој и соработка, за проектите од областа на зголемување на вработливоста на ранливите категории на граѓани, како и на младите.

„Поддршката за младите преку Младинскиот ресурсен центар, што заеднички го отворивме во Гостивар е од клучно значење во процесот на задржување на младите во земјава. Наша цел е во наредниот период да отвориме уште два вакви центри, во Битола и во Штип преку кои ќе воспоставиме тесна врска помеѓу младите, нивното образование и потребите на пазарот на трудот. Важен елемент е и соработката во делот на вработување на Ромите и нивно вклучување во формалната економија, при што мора да ја подигнеме свеста кај нив за бенефитите од вклучувањето во формалната економија“, оцени министерката Шахпаска.

Амбасадорката Улман изрази задоволство за веќе реализираните проекти и изрази подготвеност за унапредување на соработката и понатаму.

На средбата беше истакнато дека Швајцарија како една од првите и најдолгорочни земји-донатори останува посветена во давањето реализацијата на приоритетите и проектите утврдени во Програмата за соработка на Швајцарија со Северна Македонија 2021-2024 година, кои се особено значајни за развојот на нашата земја.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

МТ: Николовски на средба со министрите од ЕУ за транспорт

0
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска и утре е во работна посета на Унгарија, Будимпешта, каде присуствува на состанокот...