spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииАрсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да бараат алиби за неспособноста, да се зафатат...

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да бараат алиби за неспособноста, да се зафатат за работа

Градоначалничката на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска покажа неспособност со тоа што два месеци од мандатот и поминаа во неработење и правење штета на граѓаните на Град Скопје.

Арсовска скандалозно го поништи проектот Бас рапид транзит за еколошки и ефикасен градски превоз на којшто се работеше три години со партнерите од ЕБОР.

Уште поскандалозна е нејзината најава дека нема да ги гради двата нови моста, мостот на булевар АСНОМ и мостот на улица Љубљанска.

Мостот на АСНОМ е во поодмината фаза и Арсовска само требаше да ја продолжи неговата изградба. Мостот го олеснува сообраќајот за Аеродром и Гази Баба.

Мостот на Љубљанска има целосен проект и средства обезбедени од Владата предводена од СДСМ преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош и Центар.

Со овој прекин на три капитални проекти само поради лични каприци, Арсовска покажува несериозно, нечесно и политикантско однесување кое е исклучиво на штета на интересите на граѓаните, на штета на развојот на Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ не може со невистинити податоци да ја покрие неспособноста, штетното однесување, разрешувањето на директори, прекинување проекти и низа други неуспеси на Арсовска.

Наместо да измислуваат алиби, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се зафатат со решавање на проблемите и конечно да почнат да работат за интересите на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...