Под мотото „Стоп на домашното насилство – Биди храбра!“, како дел од националната кампања против семејното насилство, на плоштадот Магнолија, се одржа јавен настан во организација на адвокатката Катерина Котеска, регистрирана за бесплатна правна помош на жртвите на насилство. Настанот е дел од акцијата која ја спроведува сопругата на бугарскиот амбасадор, г-ѓа Билјана Ангелова.
На настанот беа испратени пораки, напишани на дланките на жените, како тивка поддршка на жртвите од семејно насилство.
Активностите беа поддржани и од Комисјата за еднакви можности при Советот на општина Битола и претседателката Габриела Илиевска.
Извор: Општина Битола