spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Интензивно чистење на градските депонии

Град Скопје: Интензивно чистење на градските депонии

Градот Скопје интензивно продолжува со чистење на дивите депонии кои беа мапирани на повеќе локации низ градот.

Вчера целосно беше исчистена дивата депонија во Карпош на улицата Марк Твен.

Градот Скопје веќе исчисти повеќе од 120 диви депонии во првите 30 дена од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска.

Со чистењето на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијална опасност од загадување на подземните води и почвата во градот.

Скопје без диви депонии е еден од главните проекти на кој градската администрација активно работи во соработка со општините и јавните претпријатија под Град Скопје.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски присуствуваше на настан по повод Меѓународниот ден на руралната...

0
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски присуствуваше на настанот организиран од Национална федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена...