spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЗаев во тоталитарен дух крие од јавноста што ѝ одговорил на бугарската...

Заев во тоталитарен дух крие од јавноста што ѝ одговорил на бугарската влада

Делегитимираната и нестабилна Влада, ослободена од демократските последици кои ги избегнува насилнички, без отчетност ги продолжува преговорите со официјална Бугарија. Великопредавството кое е во подготовка, се случува како последица на повеќегодишна вулгарна политика, која најмногу ги вреднува приватните интереси на владините функционери, кои го гледаат својот плен во разнебитувањето на државниот интегритет.

Премиерот во заминување, Зоран Заев, познат по својата рамка за тргување со националните интереси за лични бизнис цели, најави дека окончувањето на наметнатиот меѓународен проблем на штета на Република Македонија, ќе се случи кога на чело на Владата ќе застане Димитар Ковачевски. Новата Влада ќе биде спремна за безусловно прифаќање на сите барања на бугарската шовинистичка дипломатија, што подразбира и прифаќање на дополнителни услови во согласност со зголемувањето на апетитите на властите во Бугарија, кои не наидуваат на никаков отпор во преговарачката рамка.

Како што изјави Заев, Владата веќе има дадено одговори пред бугарската страна, со кои верува дека ќе бидат надминати сите недоразбирања. Во типичен недемократски и тоталитарен дух, како што е целото владеење на СДСМ и ДУИ, јавноста нема никакви информации каков одговор доставил Заев. Нема никакви јавни информации дека некаков одговор бил подготвен на седница на Влада, или пак, на собраниските комисии и покрај усвоената Резолуција во Собрание од страна на сите парламентарни партии.

Очевидно, владината надворешна политика има цел да манипулира со внатрешната политика со флоскули за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија, за да го разводени јавниот дискурс кој е доминантно негативно наклонет кон владејачките партии.

Левица, како најголем поборник за рехабилитација на внатрешната и надворешната политика останува на јасните ставови во врска со тековните преговори со Бугарија, за кои смета дека мора да бидат прекинати поради заштита на нашите државнички интереси од отворените шовинистички и негаторски политики на бугарската влада.

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте