Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, обезбеди пакетчиња за околу 1300 деца од градинките, околу 200 за децата со посебни потреби и преку 500 пакетчиња за дечињата од социјално-загрозени семејства.Дополнително, новогодишно пакетче ќе добијат и децата на сите вработени во Општина Кисела Вода.
-Новогодишните празнувања треба да бидат убави за сите, посебно за дечињата кои цел живот ги паметат подароците под елката, семејните празнувања и радоста на дарувањето. Се потрудив, како градоначалник, дечињата од сите градинки на територија на Кисела Вода и децата со посебни потреби да добијат новогодишно пакетче. Дополнително, покрај овие 1500 дечиња, со пакетче ќе им ги разубавиме празниците и на преку 500 дечиња од социјално-загрозените семејства. Секое дете заслужува да биде среќно и да има убави спомени од детството. Ова е мој мал придонес кон таа цел–изјави градоначалникот Ѓорѓиевски при денешната посета на објектот “Мимоза” при ЈДГ “Весели цветови”, каде беше организирана свечена приредба за дечињата.
Тој им посака убава, среќна и безгрижна година полна со радост и љубов, а дечињата распеани и весели се заблагодарија за подарокот. Новогодишното дарување од страна на Општина Кисела Вода продолжува и во наредните денови.
Извор: Општина Кисела Вода