Министерството за здравство ги информира приватните специјализанти кои почнаа со специјализација од септември 2021 година дека месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година.
На специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година.За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар. Претходно приватните специјализанти, за време на специјализацијата работеа без пари.
Освен месечен надомест, од 2021 година, на приватните специјализанти им се плаќа здравствено осигурување и платени им се дежурствата.
Извор: Министерство за здравство