Завчера се одржа првата едиција на гала настанот „Златна Олимпија“, настан посветен на најуспешните жени во спортот.
Овој настан е кулминација на спортските достигнувања и успешните приказни на спортистките и жените во спортот за 2021 година.
Преку настанот се реафирмираше заложбата за постигнување родова еднаквост во спортот, поголемо учество на жените во спортот, како и еднаква поддршка и еднаков пристап до ресурси за спортот во женска категорија.
Сања Лукаревска, имаше чест да ја додели наградата за особено признание за животно дело кое ѝ припадна на легендарната пливачка, Наташа Мешковска.
Беа доделени награди во десет категории, вклучувајќи награда за најмлада спортистка, најдобар тренер, најдобра женска репрезентација, спортски подвиг за 2021 и други.
Иницијативата за овој настан е на Комисијата за родова еднаквост во спортот предводена од советничката Силвија Митевска, поддржана и во организација на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Извор: Влада