Заедно со членови на Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски започна со посети на семејства во социјален ризик, при што доставија хуманитарни пакети со храна и пакети со средства за хигиена.
Градоначалникот истакна дека е среќен што со овој хуман гест барем за миг може да помогне на семејствата на кои помошта им е најпотребна. Посетите и доставувањето на хуманитарните пакети ќе продолжат и во наредните денови.
Извор: Општина Гази Баба