Во пресрет на претстојните празници, во сабота, 25.12.2021 год. во Паркот Шопен ќе се одржи Новогодишен хуманитарен базар. Истиот е во организација на градоначалникот на Кисела Вода, Здружението „Куќа на среќата“ и „Здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа“- Скопје.
На настанот, за децата со попречености ќе се поделат новогодишни пакетчиња кои се обезбедени од страна на градоначалникот Ѓорѓиевски. Воедно, ќе се продаваат изработки од децата од градинките од општина Кисела Вода, а средствата од продажбата ќе се наменат во хуманитарни цели, за потребите на лицата со попреченост.
Ги информираме сите кои сакаат да присуствуваат дека е предвидена интересна музичко-сценска програма, а за најмладите, тука ќе биде и Дедо Мраз.
Почетокот е закажан во 12 часот. Искористете го саботниот ден да уживате со вашите најмалечки во Паркот Шопен и заедно да го креираме и почувствуваме духот на празничните случувања!
Извор: Општина Кисела Вода