spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: „Отворениот ден“

МЕ: „Отворениот ден“

Министерството за економија континуирано работи на подобрување на Програмите и плановите за работа. Во рамки на „Отворениот ден“ кој што се одржа денеска, државниот секртар на Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ оствари средба со граѓани и компании и здруженија на граѓани на кои им беа презентирани Предлог-годишните планови и програми за работа на Министерството за економија за 2022 година.

Граѓаните и претставниците на компании кои што денеска беа на „Отворениот ден“ ги претставија своите идеи и сугестии со цел за подобрување на мерките за поддршка кои што ги спроведува Министерството за економија.

Од страна на државниот секретар Размена Чакиќ Дуровиќ денеска беа презентирани пред јавноста:

-Предлог -програма за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија за 2022 година

-Предлог програма за развој на туризмот за 2022 година

-Предлог -рограма за поддршка на конкурентноста на преработувачката индфустрија за 2022 година

-Предлог програмата за субвенции за вградување на уред за погон на ТНГ за 2022 година

-Предлог програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година

-Предлог програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2022 година

-Предлог програма за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија за 2022

На „Отворениот ден “ на Министерството за економија беа поканети  граѓани, комори, и здруженија на граѓани, како и претставници на компании да ги презентираат своите предлози, сугестии и идеи за активностите и мерките кои ги спроведува Министерството за економија преку годишните програми.

 

 

 

 

Извор: Министерство за економија

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...