spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Обезбедени средства за реализација на автопатската делница од Коридорот 8, Букојчани...

МФ: Обезбедени средства за реализација на автопатската делница од Коридорот 8, Букојчани – Кичево

Се обезбедуваат средства за реализација на проектот за изградба на патната инфраструктура од Коридорот 8.

Вчера министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси го потпишаа договорот за гаранција на РС Македонија наменет за финансирање на патниот дел од Коридорот 8 (прва фаза) со што се обезбедуваат 110 милиони евра за изградба на делницата Букојчани – Кичево. Дополнително беше потпишан и договор за заем од страна на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси.

 

Вкупната инвестициска вредност на делницата Букојчани – Кичево изнесува околу 130 милиони евра, при што 110 милиони евра се заем од ЕБОР, а останатите 20 милиони евра се обезбедени од инвестициската рамка за Западен Балкан – ВБИФ, како инвестициски грант.

„Коридорот 8 е еден од стратешките проекти за нашата инфраструктура, којшто ќе ја направи земјата поконкурентна. Со изградба на патната инфраструктура од Коридорот 8, во РС Македонија ќе се заокружи изградбата на Паневропскиот коридор значаен за подобра поврзаност на РС Македонија, Албанија и Бугарија со другите европски земји. Ова ќе отвори нови пазари за македонските компании, ќе ја подобри нивната конкурентност и ќе овозможи одржлив економски раст“, истакна Бесими на потпишувањето на договорот.

Анди Аранитаси, директор на Канцеларијата на ЕБОР во РС Македонија, рече дека ЕБОР има клучна улога во поддршката на македонскиот патен сектор од 2001 година.

„Банката ја финансира изградбата и модернизацијата на регионалните, локалните и паневропските патишта, притоа организирајќи дијалог за водење политики со цел зајакнување на институциите во земјата. Со оваа нова инвестиција повторно ја потврдуваме нашата заложба за изградба на подобра транспортна инфраструктура во земјата во корист на нејзините граѓани и деловната активност. Проектот ќе придонесе кон зголемено учество на приватниот сектор во работењето и одржувањето преку објавување тендер за договор за изградба и одржување, вклучувајќи го и справувањето со ризици од климатски промени во текот на фазите на изградба, управување и одржување на проектот“, рече тој.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми истакна дека со изградбата на автопатската делница значително ќе се подобрат мобилноста и трговската размена, безбедноста на патот, ќе се скрати времето на патување, a ќе се зголемат и можностите за социоекономски развој.

„Делницата на државниот пат А2 од Гостивар до Кичево е проектирана пред повеќе од 50 години и изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои има и трета лента за бавни возила. Сепак, поради зголемениот обем на сообраќај и недоволно добрите возно – динамички услови, неминовно е надградување на оваа делница на ниво на современо автопатско решение по кое ќе се одвива брз, безбеден и непречен меѓународен и домашен превоз на патници и стоки“, потенцира Рустеми.

Дополнително, за обезбедување на финансиската рамка за патната инфраструктура од Коридорот 8, со Буџетот за 2022 година се обезбедуваат околу 6 милијарди денари за изградба на делниците Ќафасан – Струга – Требениште и Тетово – Гостивар – Букојчани од Коридорот 8, како и за автопатската делница Прилеп – Битола од Коридорот 10.

Склучувањето на договорите за проектот Патен коридор 8 – прва фаза на проектот, делница Букојчани – Кичево, е дел од соработката на Република Северна Македонија со Европската банка за обнова и развој – ЕБОР, којашто години наназад ни дава значајна поддршка во процесот на пристапувањето на земјата во Европската Унија преку доделување заеми под поволни услови, грантови и техничка помош за подготовка и реализација на значајни инфраструктурни проекти.

Реализацијата на овој проект е еден од приоритетите на Владата во рамки на клучната област „Одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија“.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...