spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаОд малите хидроцентрали корист има само бизнис – елитата

Од малите хидроцентрали корист има само бизнис – елитата

Системски водена погрешната енергетска политика излегува на површина, перидов кулминира, благодарение на неодговорното работење изминатите децении, со што Македонија се претвори во енергетски зависна држава од увоз, со неостранливи последици врз животната средина.

Ова го потврдува и последната ревизија, согласно која, во период од една година, Владата потрошила 90 милиони евра за субвенции на малите хидроцентрали, додека истите овие хидроцентрали не уплатиле за воден надоместок. Со ваквото незаконско поведение, тие направиле дупка во државниот буџет од 370.000 евра.

Дури 17 мали хидроцентрали за експлоатирањето на водните ресурси, од основањето до денес, не уплатиле ниту денар! Земено севкупно, малите хидроцентрали подмириле само околу 40% од долгот кон државата.

За ситуацијата да биде уште полоша, малите хидроцентрали кои властите ги субвенционираат и претставуваат како фактор кој ја подобрува енергетската консилација, минатата година произвеле мизерни 4% од вкупното домашно производство на струја.

Левица во својата програма предвидува формирање јавно претпријатие за одржување на малите хидроцентрали кои ќе станат државна сопственост по истекот на концесијата, како и национализирање на приватните мали хидроцентрали кои се изградени и функционираат без почитување на законските регулативи – со што ќе се укине повластената тарифа која ја плаќаат граѓаните кон приватните газди.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...