spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Увид во градежните активности и промоција на улицата Роза Петрова

Кочани: Увид во градежните активности и промоција на улицата Роза Петрова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Кочани. Во присуство и придружба на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и директорот на КЈП „Водовод“ – Кочани, Иван Иванов посетија три локалитети каде во тек се градежни работни активности, а една улица е целосно реконструирана и асфалтирана.

-Денес имавме можност да направиме увид и да промовираме три стратешки проекти кои се во постапка на реализација на територијата на Општина Кочани. Тоа е изградбата на колекторот на секундарната мрежа за канализација во с. Тркање со што го решаваме долгогодишниот проблем на ова село. Ја посетивме и улицата „Роза Петрова“ која неодамна беше завршена, во моментот се покрива тротоарската површина и граѓаните кои гравитираат во овој дел од градот ќе имаат можност да користат една широка, убава и безбедна улица. Најбитниот проект кој во моментот се реализира е замената на главниот потисен цевковод со кој градот се снабдува со вода за пиење, којшто е изграден во далечната 1973 година – истакна градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Изградбата на потисниот цевковод е во должина од 2.2 км. Со овој проект се решава проблемот на загуби на вода и во исто време се подобрува квалитетот во испораката на вода за пиење кон градот.

-Продолжуваме со теренските активности што ги започнавме веднаш по превземањето на позициите на новите градоначалници од нивните претходници. Ова се активности што во значителна мера ќе го подобрат квалитетот на живот во Кочани и ценам дека она кое што сме го ветиле, обврзале и она кое што е корисно и го наследиле градоначалниците од нивните претходници, ќе го довршиме и ќе го надградиме со нови проекти со коишто сме излегле за време на кампањата на овие локални избори. Јас сум прилично задоволен од овој почеток, за помалку од два месеци се направија многу работи онаму каде што бев. Продолжувам со посетите низ Македонија и се надевам дека ќе продолжат онака како што започнаа и помалку ќе зборуваме, а повеќе ќе работиме – истакна проф. д-р Христијан Мицкоски.

 

 

 

Извор: Општина Кочани 

Прочитајте