spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаАмандман на предлог буџетот во врска со опремата и механизацијата на противпожарната...

Амандман на предлог буџетот во врска со опремата и механизацијата на противпожарната единица во Гевгелија

Советникот од Левица поднесе амандман на предлог буџетот во врска со опремата и механизацијата на противпожарната единица во Гевгелија

Денес советникот од редовите на Левица, Саше Јанчев, во Советот на Општина Гевгелија поднесе амандман на Предлог буџетот на Општината за 2022 година со кој предлага дел од средствата во Предлог буџетот да се пренаменат за противпожарната единица во Гевгелија.

Советникот беше во посета на единицата и таму затекна очајна состојба. Од три противпожарни возила суштински на располагање има едно. Едно возило со кое успешно се интервенирало во 80% од пожарите е дадено во Општина Валандово и сега неопходно им е ново такво или слично возило.

Од опрема по пожарникар, пожарникарите располагаат со облека, маски, јажиња и црева кои наликуваат на музејски експонати и гумени чизми кои се погодни само за на нива. Пожарникарите користат и боци за кислород кои не се редовно сервисирани.

Имајќи предвид дека Општина Гевгелија се наоѓа во географско подрачје во кое во летните периоди има суша, високи температури, а поради тоа и чести пожари, со предложениот амандман се предлага дел од средствата да се пренаменат за противпожарната единица.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Бутел: Магична ФУДБАЛСКА вечер

0
НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ Општина Бутел ја продолжи традицијата и оваа година,со задоволство беше покровител на четвртиот новогодишен турнир во...