spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за прв мерен период...

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за прв мерен период за учебната година 2021/2022 година

Министерството за труд и социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2021/2022 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

  • за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
  • за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната  календарска година,
  • за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
  • за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.142 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.060 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.568 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.240 дeнари.

Грижата за сите граѓани е наш приоритет!

Извор: Влада

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...