spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Ќе бидат финансирани уште 5 нови проекти за намалување на...

МЛС: Ќе бидат финансирани уште 5 нови проекти за намалување на диспаритетите во и меѓу планските региони и за зголемување на конкурентноста

Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, министерот за локална самоуправа ја донесе Одлуката за за финансирање на проекти за намалување на диспаритетите во и меѓу планските региони и за зголемување на конкурентноста.

Согласно оваа Одлука ќе се финансираат нови 5 проекти во вкупен износ од 13 846 971 денари. Средствата се утврдени во Програмата за изменување и дополнување на Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, со индикативни планирани средства за 2022 година, во вкупна вредност од 88 600 000 денари.

Со Одлука од 24.06.2021 година веќе се финансирани 22 прокти во вредност од 74 853 900 денари, или вкупно 27 проекти за 2021 година од Програмата за намалување на диспаритетите во и меѓу планските региони и за зголемување на конкурентноста, што се имплементира од Буџетот на Министерството.

Повеќе информации на линкот

https://mls.gov.mk/images/files/Odluka%20za%20dispariteti

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...