Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека денеска, понеделник (27.12.2021 год) од 18 часот, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно за сите граѓани.
Оваа одлука е една од пакетот итни мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните.
Бесплатениот превоз ќе важи се до наредните препораки.
Извор: ЈСП