spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Од 1 јануари, поголема дневница за работа во недела во дејноста...

МЕ: Од 1 јануари, поголема дневница за работа во недела во дејноста трговија

Од 1 јануари 2022 година сите вработени кои се ангажирани во трговијата ќе имаат 100 проценти поголема дневница.

Според измените на Законот за трговија кои беа донесени во Собранието, почнувајќи од 1 јануари 2022 година, вработените во трговските центри, односно моловите, во продавниците во склоп на бензински станици, трговци на мало со еден вработен, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%.

Овие трговци ќе треба да платат и дополнителни 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници, а средствата  ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Јавен повик за доделување на парична помош за секое новородено...

0
Согласно Програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година, се доделува парична помош за секое новородено-...