spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Се воведуваат ноќни линии на ЈСП

Град Скопје: Се воведуваат ноќни линии на ЈСП

Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и тоа со 9 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65В. Воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје. На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години.

Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65В, ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб страницата на ЈСП Скопје (http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=2300).

 

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...