По Нова година ќе започне уредувањето на новиот Луна парк. Ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени и ќе се вклопат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален.
Беше посочено дека за Луна паркот во моментов се изработува проектна документација, која треба да се достави до Градот Скопје во наредниве 2 месеца.
Наследените 7 реквизити треба да се постават согласно со потпишаните договори, зашто тие се задржани во проектното решение, а дополнително треба да се набават 20 нови реквизити.
Извор: Град Скопје