spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Едукативна кампања за унапредување на здравствената и социјалната заштита на Ромите

Берово: Едукативна кампања за унапредување на здравствената и социјалната заштита на Ромите

Општините Берово и Штип, во соработка со Здружение за одджлив развој- Зелен Институт од Скопje,  во рамките на заедничкиот проект ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници” започнаа спроведување на  „Кампања за информирање на ромското население за пристапот на општински, социјални и здравствени услуги“.

Кампањата се спроведува преку  тим од волонтери, кои претходно посетија обука за реалзација на активностите од кампањата и  ги посетија сите семејства од ромска националност во Општина Берово, доделувајќи им флаери со информации и контакти од институции, во однос на унапредување на здравствените услуги, полесно обезбедување на лични документи и други едукативни содржини.

 

На 27.12.2021 година, локалниот координатор со тим од медицински лица и волонтери, одржа средба со ромското население во општина Берово  за подигање на свеста на Ромите,  во однос на унапредување на здравствените и социјалните услуги.

 

На средбата, Ромите во општина Берово, се изјаснија дека за нив најголем проблем со кој се соочуваат е невроботеноста, кое нешто го посочија како причина, поради која не можат да   остварат здравствени услуги.

 

Во рамки на самата кампања, во тек е почеток со спроведување на прашалник, кој е подготвен со цел да се направи ажурирање на податоците од последниот попис од 2002 година, за населението на Ромите во општините Штип и Берово.

Потребно  е исто така да се приберат информации од аспект на демографската, економската, образовната и здравствена состојба на Ромите, како и пристапот до социјалните услуги и вработувањата, кои понатаму ќе придонесат кон успешно креирање на општинските програми и внесување во нив, иницијативи за унапредување на состојбата на ромската заедница, во двете општини Штип и Берово.

 

 

 

 

Извор: Општина Берово 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...