spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Во 2022 година 5 % зголемување на платите на сите вработени...

МЗ: Во 2022 година 5 % зголемување на платите на сите вработени во здравството

Министерот за здравство д-р Венко Филипче одржа работен состанок со синдикалните здруженија на здравствените работници, на кој се потпиша анекс на колективниот договор, според кој во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за 5% за сите вработени во здравството. Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година.

Во изминатите четири години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри меѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар. Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...