Заедно со градоначалниците на Штип , Лозово и Карбинци се оствари конструктивен состанок со раководството на Хидросистемот Злетовица.
Се договори дека ќе се сервисираат редовно доспеаните обврски и ќе се намали постојниот долг.
Воедно се известуваат жителите на нашата општина дека во првата половина на 2022 година ќе започне изградба на нова филтерна станица во износ од околу 116 милиони денари и нов резервоар за вода во износ од околу 16 милиони денари , средства обезбедени преку Хидросистемот Злетовица и МЗШВ.
Граѓаните на Свети Николе во наредните години ќе пијат пивка вода од висок квалитет.
Извор: Општина Свети Николе